Честит Светски ден на учителот!

Светски ден на учителот – празник на знаењето, посветеноста и човечноста

По повод Светскиот ден на учителот, во нашето училиште се одржа свечена програма исполнета со убави зборови, емоции и благодарност.

Учениците преку литературен рецитал му оддадоа почит на учителскиот повик и на сите наставници кои со својата работа, знаење и посветеност секојдневно оставаат трага во животот на младите.

Посебно емотивен момент беше оддавањето почит и благодарност кон нашите долгогодишни колеги, кои со својата професионалност и несебична работа дадоа значаен придонес во развојот на училиштето и генерации ученици.

Со посебна благодарност и признание, плакети за пензионирање им беа доделени на нашите колеги Зоран Давков и Ѓорѓи Бангиев.

Ви благодариме за сите години посветеност, знаење, трпение и љубов кон професијата. Вашиот труд и придонес ќе останат трајно запишани во историјата на нашето училиште.

Честит Светски ден на учителот!

Нека учителскиот повик секогаш биде симбол на знаење, инспирација и надеж за идните генерации.