Нашите ученици денес во храмот на книгата – НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип
По повод Месецот на книгата, нашите ученици денес имаа можност да бидат дел од промоцијата на книгата „Јас сум Мина. А ти?“ од Ксенија Маказлиева – Трајчева.
Во соработка со Академија ЕУРОАРТ, а под менторство на наставничката Христина Богданска, учениците се впуштија во едно прекрасно книжевно патување низ раскази и приказни, откривајќи ја магијата на пишаниот збор, убавината на читањето и моќта на книгите да нè поврзуваат, инспирираат и поттикнуваат на размислување.
Благодарност до НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип и Академија ЕУРОАРТ за поканата, гостопримството и можноста нашите ученици да бидат дел од овој прекрасен книжевен настан.
Затоа што секоја книга отвора нов свет, а секоја прочитана приказна остава трага во нас!







Leave a Comment