Со особена гордост информираме дека ООУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци е добитник на Плакета за eTwinning училиште за учебната 2026/2027 година, доделена од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Во реализацијата на проектните активности учествуваа:
* Силвана Ј. Бинова, наставник-советник;
* Катерина Стојановска, наставник;
* Маја Андонова, педагог-ментор.
Ова признание е потврда за посветеноста, тимската работа и заложбите за унапредување на квалитетот на образованието преку меѓународна соработка и иновативни практики.
Горди сме на постигнатиот успех и продолжуваме кон нови достигнувања!





Leave a Comment