Денес предметните наставници од нашето училиште активно следеа и учествуваа во обука на тема „Интегрирање на еколошки теми во наставата и развивање на зелени навики и одговорно однесување кај учениците“.
Обуката беше реализирана со поддршка на ЦЕС, МОН, БРО.
Преку интересни активности, размена на искуства и практични идеи, наставниците имаа можност да се запознаат со начини како еколошките теми да се интегрираат во наставата и како кај учениците да се поттикнуваат еколошката свест, одговорноста, грижата за природата и создавањето одржливи зелени навики.
Затоа што образованието не е само стекнување знаења – туку и создавање одговорни, свесни и активни граѓани кои се грижат за светот во кој живееме.
Малите навики денес создаваат големи промени утре!








Leave a Comment