Eдукативно предавање на тема ,,Врсничко насилство – булинг” од страна на полициски службеници на СВР – Штип.

Учениците од шесто и седмо одделение од нашето училиште имаа можност да проследат едукативно предавање на тема ,,Врсничко насилство – булинг” од страна на полициски службеници на СВР – Штип.

Преку разговор, примери и поучни пораки, учениците се запознаа со различните форми на врсничко насилство, неговите последици и важноста од навремено препознавање и пријавување.