По повод 16 Октомври – Денот на здрава храна, оваа година во нашето училиште беше одбележан под мотото „Еко ден – Компир за секој ден“

Учениците подготвија и дегустираа здрава храна направена од компири, читаа интересни рецепти и факти за оваа корисна намирница. Во активностите активно се вклучија и родителите, кои заедно со децата придонесоа да се промовира здравиот начин на исхрана и важноста на домашно приготвената храна.Настанот помина во пријатна и едукативна атмосфера, исполнета со вкусни залци и насмевки.