На ден 14.10.2025година во ООУ„Страшо Пинџур“-Карбинци се одржа средба со претставници од Министерството за односи меѓу заедниците, Меѓуресорската работна група за спроведување Анализа на состојбата на меѓуетничките односи во образованието и културата, со стручните соработници, директорката на училиштето и фокус група со родители на ученици од VII, VIII и IX одделение, на која што ѓи споделија нивните искуства, ставови и препораки во врска со меѓуетничките односи.
Целта на средбата беше прикажување на состојбата на меѓуетничките односи во образованието и културата во нашето училиште.




