Среќен распуст, драги ученици!
Уште една учебна година е зад нас – година исполнета со учење, дружење, успеси, предизвици и незаборавни моменти.
Ви благодариме за трудот, посветеноста и насмевките со кои секојдневно го исполнувавте нашето училиште. Сега е време за одмор, игра, нови авантури и убави летни спомени.
Ви посакуваме сончево, весело и безгрижно лето, исполнето со радост, здравје и многу убави моменти со семејството и пријателите.
Среќен и безбеден летен распуст! Се гледаме повторно во септември!
Со почит,
Колективот на училиштето.


Leave a Comment