По повод одбележувањето на Денот за безбеден Интернет во нашето училиште, со учениците од 6-1 и 6-2 одделение се реализираше едукативна и интерактивна работилница посветена на безбедното однесување во онлајн просторот.

Преку дискусија и интерактивна презентација во Curipod, учениците имаа можност да ги проверат своите знаења, да научат како да препознаат потенцијални опасности на интернет и како правилно да реагираат во различни ситуации – од заштита на лични податоци до одговорно користење на социјалните мрежи.

Во реализацијата беа користени и ресурси споделени на веб-сајтот #неделанаинформатика, кои придонесоа за збогатување на активностите и поттикнување на критичко размислување кај учениците.

Работилниците се реализирани од наставник Силвана ЈБинова.

Учиме, разговараме и градиме дигитална култура за побезбеден интернет за сите!

#ДенЗаБезбеденИнтернет#БезбеденИнтернет#ДигиталнаПисменост#неделанаинформатика