Денес, учениците од IV одделение при ООУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци, заедно со учениците од подрачното училиште во Крупиште и одделенските наставнички Ленка Штерјова и Даниела Алексова, реализираа средба со градоначалникот на Општина Карбинци, г-дин Виктор Паунов.
Во рамки на наставата по Историја и општество (тема „Средината во која живеам“), четвртоодделенците го презентираа својот заеднички постер (хамер) со нивните идеи и пораки за грижа на општината, ја подарија информативната книга за културно-историското наследство и поставија бројни прашања.
На крајот од средбата, учениците дадоа свечено ветување и му врачија благодарница и постер на градоначалникот во знак на благодарност за срдечниот прием и поддршката.












Leave a Comment