По повод 26 септември – Ден на европските јазици , учениците од 5 одд. ЦУ Карбинци , под менторство на наставничката Цветанка Алексовска реализираа EU Code Week активност, каде што беа „живи кодови“ и секој мораше да го пронајде својот пар . Секој ученик доби едно тајно ливче. На едните ливчиња го има името на државата со знамето ,а на другото го има зборот „Здраво“ на соодветниот јазик на државата и знамето. Учениците не смееја веднаш да го покажат своето ливче. Тие преку прашања и разговор требаше да го пронајдат својот пар. ( На пр.Дали твојата држава има море? Дали твојата држава започнува на буквата И? итн.). На Смарт таблата беше поставена слика од сите парови. Кога секој пар се пронајде, се претставија ос кога држава доаѓаат и си подадоа рака со изговарање на зборот „Здраво“ на соодветниот јазик што го имаат. На крај секој пар доби лист за боење со знамето на државата која ја имаше парот.






Leave a Comment