Во второто полугодие од учебната 2025-26 година под менторство на наставничката м-р Катерина Стојановска во нашето училиште се реализираше eTwinning проектот „Life Skills in Action“, заедно со партнер училишта од Молдaвија, Грузија, Бугарија, Турција, Романија и Грција. Со овој проект учениците можеа да развијат основни вештини кои им се потребни во секојдневниот живот и го поттикнаа своето критичко размислување, безбедни интернет практики и учеа за да бидат подготвени за иднината.
Учениците реализираа креативни и истражувачки активности со цел:
• Да научат повеќе за побезбеден интернет
• Да создадат картички кои го пронаоѓаат проблемот и нудеа решенија за истиот
• Да ги стават броевите во акција – со помош на броевите да направат анкета за која ќе кажат што најмногу им се допаѓа на испитаниците а што најмалку
• Да истражуваат – односно со делот науката во акција учениците имаа можност да прават различни експерименти и практично да го видат резултатот
• Пишување на книга од страна на сите ученици учесници во проектот
Резултатот од нивната последна заедничка работа можете да го погледнете на следниот линк: https://www.storyjumper.com/…/Life-skills-in-action





Leave a Comment