„Човекот кој не чита добри книги не е ништо подобар од човекот кој не знае ни да ги прочита.“ – Марк Твен

По повод 23 април – Светскиот ден на книгата и авторските права се реализираше активност посветена на љубовта кон читањето и книгите.

Учениците од одделенска и предметна настава во централното училиште ја посетија училишната библиотека и покажаа голем интерес за читање книги. Читаа инспиративни цитати и споделуваа мисли и пораки за другарство, љубов, храброст, мудрост и соништа. Учениците имаа можност да ја почувствуваат магијата на книгите и да се потсетат дека секоја книга е прозорец кон светот.

Активноста поттикна интерес за читање, размена на читателски искуства и почит кон книгата како неисцрпен извор на знаење и инспирација.

,,Се губиме себеси во книгите. Таму и се пронаоѓаме”