На часовите по предметот Општество, учениците имаа можност да ги истражуваат и откриваат убавините на нашата татковина.

Преку разговори, презентации и заеднички активности, тие се запознаа со природните богатства, културното наследство и значајните туристички места во нашата земја.

Како резултат на нивната креативност и труд, учениците од III одд. ПУ Таринци заедно со наставничката Билјана Донева изработија заедничка книга во која ги претставија најубавите предели – планини, езера, реки и национални паркови, но и знаменитости што ја прават нашата татковина посебна. Оваа активност не само што го поттикна нивното знаење, туку ја разви и љубовта кон татковината, чувството на гордост и желбата да ја чуваме и негуваме нејзината убавина.