Светскиот ден на храната е меѓународен ден кој се слави секоја година во светот на 16 октомври за да го одбележи датумот на основањето на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации во 1945 година. Денот нашироко го слават многу други организации кои се занимаваат со глад и безбедност на храната, вклучувајќи ги и Светската програма за храна, Светската здравствена организација и Меѓународниот фонд за развој на земјоделството.
По тој повод , за светскиот ден на храната, оваа учебна година нашето мото е: ,, ПРАВО НА ХРАНА, ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ И ПОДОБРА ИДНИНА”.
Нашето училиште оваа година стави акцент на овошјето – јаболко и неговата употреба во секојдневната исхрана.
За таа цел учениците донесоа печени и свежи јаболка и приготвија храна (благо, ужинки, колачи, пити, сокови) и свежо цеден сок во училиштето .Учениците исто така ја истакнаа важноста за конзумирање на јаболко во секојдневната исхрана.








Leave a Comment