Во рамки на меѓународниот проект „РЕТКИ СЕ“, учениците од III одделение заедно со наставничките Памела Митева и Марина Атанасова изработија креативна активност по повод 28 Февруари – Денот на ретките болести.
Активноста имаше за цел подигнување на свеста за лицата кои живеат со ретки заболувања.
Учениците најпрво разговараа за значењето на поддршката, прифаќањето и емпатијата.
Преку презентација се запознаа со предизвиците со кои се соочуваат децата со ретки болести.
Во креативниот дел изработија постер со наслов „Сите заедно другаруваме“.
Во центарот на постерот е срце составено од делови како сложувалка.
Секој дел претставува вредности како љубов, толеранција, надеж, помагање и пријателство.
Во долниот дел учениците ги оставија своите имиња како симбол на подадена рака и заедништво.
Со оваа активност тие испратија порака дека различноста треба да се почитува и прифаќа.
Одбележувањето на овој ден придонесе за градење хумана, инклузивна и солидарна училишна средина.



Leave a Comment