14 Октомври 1944 год.- Традицијата на учениците и наставниците од основното ПУ во Крупиште продолжува и се пренесува од колено на колено 

Оддавање почит со положување цвеќе на споменикот на настраданите 49 жители од с.Крупиште од германскиот окупатор.

Изградениот споменик, кај село Крупиште на регионалниот пат Штип Кочани е сведоштво на една болна крвава битка од далечната 1944 година. Многу судбини и дел од минатото кое останува да пркоси, но истовремено да се раскажува и пренесува од колено на колено.