По повод Денот на планетата Земја – 22 Април

Денес го промовиравме нашиот проект „Нашиот одржлив училишен двор“, создаден со многу труд, идеи и тимска работа од учениците – Херои за одржливост

Во рамки на повикот на проектот VR4Clima, учениците дизајнираа современ и еколошки училишен простор кој вклучува: соларни панели, паркинг за велосипеди, училишна и вертикални градини, систем за собирање дождовница, канти за селекција на отпад, училница на отворено и зелени површини

Во видеото што го споделуваме можете да го видите целиот процес – од идеја до финален VR модел.

Горди сме на креативноста, знаењето и еколошката свест што ја покажаа учениците. Овој проект е доказ дека младите можат да бидат двигатели на позитивни промени

Погледнете го видеото и поддржете ги нашите „Херои за одржливост“!

#ДенНаПланетатаЗемја#Одржливост#VR4Clima