Наставничка Силвана Јакимовска Бинова е победник во категоријата Elementary School на Intel® Skills for Innovation & Genially Teacher Competition, меѓународен натпревар кој ги истакнува иновативните наставни практики и развојот на вештини за иднината

Победничката активност беше реализирана со ученици од 6 одделение, преку примена на Intel SFI Starter Pack „Giants in the Sky“. Учениците истражуваа реални предизвици поврзани со градење облакодери – гравитација, земјотреси, ветер, цунами и други природни сили. Потоа, преку дизајнерско размислување, ги применија стекнатите знаења, како и знаењата за 3Д форми по математика, за да создадат сопствени модели на облакодери.

Процесот вклучуваше дигитално моделирање во TinkerCad, а потоа и физичка изработка со реупотреба на материјали како картон, пластични шишиња, жица и други – поттикнувајќи креативност, одржливост и тимска работа.

Им честитаме на учениците за нивната посветеност и креативност и сме горди што нашето училиште е дел од глобалната Intel® SFI заедница која ја унапредува иновативната настава.