ГОЛЕМ УСПЕХ НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ НА SCIENCE ON STAGE NORTH MACEDONIA 2025!

Со огромна чест и радост Ве информираме дека нашиот проект AI SpineCare, реализиран од наставничката Силвана Јакимовска Бинова во соработка со наставничката Јулијана Поповски, го освои ПРВОТО МЕСТО на Националниот фестивал Science on Stage North Macedonia 2025, кој се одржа на 15 ноември во Тетово!

Овој престижен настан ги обедини најкреативните и најиновативните STEM наставници од целата држава, а нашиот тим блесна со современ пристап, практична примена на AI технологиите и извонредна посветеност.

Горди сме што нашето училиште ќе биде дел од европското STEM семејство заедно со повеќе од 500 едукатори од цела Европа!

Огромна благодарност до сите наставници и ученици кои учествуваа, оценувачката комисија и училиштето-домаќин.

Продолжуваме да создаваме иднина полна со знаење, иновации и успех!