Еден ден исполнет со идеи, креативност и инспирација!
Денес имав чест да реализирам работилница „СТЕМ и инженерски приод во наставата“ во ООУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци, со поддршка од Science on Stage Germany.
Наместо планираните 25, работилницата ја посетија 30 наставници – колеги од пет училишта од источниот регион на Македонија и наставници од моето училиште. Овој интерес уште еднаш потврди дека наставниците се подготвени да учат, да експериментираат и да воведуваат иновации во својата настава.
Во текот на денот не зборувавме само за СТЕМ – го живеевме СТЕМ. Размислувавме како традиционалните часови да ги претвориме во истражувачки предизвици, конструиравме највисоки кули, создававме прототипи на наставни помагала низ чекорите на инженерскиот процес.
Најубавиот дел беше да се види како секој тим доаѓа до различно решение, како идеите се надградуваат преку дискусија и како наставниците повторно стануваат ученици – љубопитни, креативни и подготвени да пробуваат.
Верувам дека вистинските промени во образованието започнуваат токму вака – кога наставниците учат едни од други, споделуваат искуства и заедно создаваат подобри можности за своите ученици.
Благодарност до сите учесници за довербата, активното учество, позитивната енергија и бројните идеи што ги споделивме. Благодарност и до моите колеги и техничкиот персонал од ООУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци за поддршката во организацијата.
Благодарност до Science on Stage Europe!
#ScienceOnStage#EngineeringForOurLife#STEM#STEAM#EngineeringDesign#TeacherTraining#InnovationInEducation#TeachersInspire#NorthMacedonia











Leave a Comment