Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и македонслата азбука.

Денес учениците од предметна настава се вклучија во низа активности по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и македонската азбука.

Тие читаа инспиративни цитати од македонски автори, разговараа за значењето и убавината на македонскиот јазик како и за неговото зачувување, унапредување и пренесување на идните генерации.

Со креативност и посветеност изработија хамер исполнет со пораки, стихови и симболи поврзани со македонскиот јазик.
Активностите придонесоа за подигнување на свеста кај учениците за важноста на јазикот како дел од нашиот идентитет и културното наследство.