Во рамки на дводасовна работилница, учениците од IX одделение на ООУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци се запознаа со Europass CV, европскиот стандардизиран модел на биографија што им помага на младите полесно да го претстават своето образование, вештини и искуства.
Учениците дознаа:
што претставува Europass CV,
како се користи и зошто е важен за нивниот понатамошен образовен и кариерен развој,
и секој од нив креираше сопствена биографија во Europass формат.
Работилницата ја реализираше наставничката Силвана Јакимовска Бинова, со цел учениците да стекнат практични вештини за самопретставување и планирање на идната кариера.
Активноста се реализираше со поддршка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како дел од активностите што го поттикнуваат развојот на дигитални и кариерни компетенции кај учениците.
Во продолжение можете да ги погледнете фотографиите од работилницата.









Leave a Comment