Учениците од 8. одделение изработија креативен постер „Срце за математика“ од 3D форми, додека учениците од 7. одделение во соработка со одделенските наставници подготвија математички задачи за најмладите и организираа забавен математички квиз.
Со овој настан ја истакнавме важноста на математиката како наставен предмет и ја приближивме на учениците на интересен и интерактивен начин.
Организатор на настанот: Силвана Ј. Бинова, наставник по математика
Математиката е насекаде околу нас – нека ја славиме секој ден!



