Одбележување на Денот на ретките болести – 28 Февруари под мотото „Реткоста мотивира“

Под мотото „Реткоста мотивира“, во нашето училиште го одбележавме 28 Февруари – Денот на ретките болести.

Учениците со многу љубов, емпатија и креативност изработија хамер со инспиративни пораки, испраќајќи силна поддршка до сите деца и лица кои се соочуваат со ретки болести.

Преку оваа активност покажавме дека различноста не нè разделува, туку нè обединува и нè учи на хуманост, разбирање и солидарност.

Активноста беше реализирана под менторство на наставничката Мартина Атанасова.

Заедно испраќаме порака дека секоја реткост носи посебна сила и вредност!