Во периодот од 12 до 14 Декември 2025 година, во Банско, Република Бугарија, успешно се реализираше 51-то издание на меѓународната научна конференција „Knowledge in Practice“, еден од позначајните настани за размена на современи научни и образовни практики.
Со особена гордост ја истакнуваме активната улога на нашето училиште и Општина Карбинци, кои беа достојно претставени од наставничките Силвана Ј.Б., Горица С., Оливера М., Јулијана П., Марина С., Катерина А., Викторија А.Г., како и од педагогот на училиштето Маја А. Нивното учество беше збогатено со презентација на два научни труда и активно вклучување во меѓународната академска дискусија.
Објавените научни трудови се: „STEM approach to developing 21st century competences and environmental awareness applied to primary education students“
Автори: м-р Силвана Јакимовска Бинова, м-р Горица Смилкова, Оливера Минова, Јулијана Поповски и Маја Андонова.
„The influence of modern educational games on learning and students’ long-term knowledge“
Автори: Марина Стојанова, Катерина Андонова и Викторија Андова Голубова.
Учеството на конференцијата претставува значаен придонес кон унапредување на квалитетот на образованието, поттикнување на иновативни наставни пристапи, размена на професионални искуства и јакнење на меѓународната соработка.
Искрени честитки до нашите наставници за посветеноста, професионалноста и успешната промоција на училиштето на меѓународна научна сцена. Горди сме на вас!





Leave a Comment