Светски Ден на детето

По повод Светскиот Ден на Детето 20 Ноември наши ученици,  членови на детскиот парламент и ученичката заедница  го посетија Собранието на Република Северна Македонија. Учениците преку инспиративни  говори, интеракција во дискусија и произнесување на демократски ставови за Правата на децата го претставија нашето училиште во најдобро светло. Светскиот Ден на Детето  оваа година се одбележа под мотото,,Мој ден – мои права.

Наставници  ментори: Маре Стојилова и Викторија А.Голубова.

Честит Светски Ден на детето