По повод 3 декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост, ден да се потсетеми сите, дека попреченоста не е болест, туку начин на живот и да испратиме пораки за разбирање на различностите, прифаќање и нивна инклузија во општеството, и тоа секој ден во годината, одржавме книжевно-креативна работилница со петоодделенците од с.Таринци со наставничката Деспина Паунова.
Читавме вистински приказни на лица со попреченост од кои се запознаа со сите пречки и предизвици се кои се соочуваат овие лица и развивавме емпатија, разбирање и прифаќање на различностите и напишаа пораки до сите свои врсници.








Leave a Comment