Денес, наставничките Силвана Ј.Бинова и Јулијана Поповски со директорката Наталија Костова од ООУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци, остварија средба со градоначалникот на Општина Карбинци, г. Виктор Паунов.
На средбата, градоначалникот упати искрени честитки и изрази поддршка за постигнатите успеси на нашето училиште на меѓународниот натпревар Intel & Genially – Skills for Innovation, како и на националниот натпревар организиран од Science on Stage North Macedonia, каде што нашите наставници се закитија со првото место и обезбедија учество на меѓународниот настан во Литванија.
Оваа средба претставува големо признание за посветеноста, иновативноста и трудот на нашиот наставен кадар, како и мотив за понатамошен развој и унапредување на наставниот процес.
Им благодариме на градоначалникот и Општина Карбинци за поддршката и охрабрувањето.
Со гордост продолжуваме да ги промовираме знаењето, креативноста и успехот на нашето училиште.



Leave a Comment