Обуката Вовед во еТвининг платформата и употреба на дигитални алатки

Денес во нашето училиште 30 наставници имаа можност да ја проследат обуката Вовед во еТвининг платформата и употреба на дигитални алатки.

Оваа обука е можност за професионален развој и унапредување на вештините на наставниците за планирање и реализирање на проекти со наставници од училишта од Европа на еТвининг платформата, што е една од целите во развојната програма на нашето училиште.

Благодарност до еТвининг амбасадорот Зорица Милкова и Национална агенција за европски образовни програми за инспиративната обука.

Очекуваме многу успешни проекти во иднина.