Борба против зависности (дрога, алкохол и цигари) под мотото „Информирај се и донеси одлука!“

Во традиционалниот календар на Црвен крст, ноември, меѓудругото е месец на борба против зависности (дрога, алкохол и цигари) под мотото „Информирај се и донеси одлука!“.

За таа цел, врсничкиот едукатор – Ивона Костадинова од Клуб на млади при Црвен крст Штип денес реализираше врсничка едукација за превенција на болести на зависности во ОУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци на учениците од деввето одделение. На оваа работилница 29 ученика имаа можност да стекнат основни знаења за штетните последици од завиностите.

На самиот крај, низ интерактивна игра учениците преку забавен и едукативен пристап имаа можност да ги усовршат своите знаења за борбата против зависности.