Во рамките на активностите за EU Code Week – Европската недела на програмирањето, учениците од V одд. ООУ ” Страшо Пинџур Карбинци се впуштија во интересна дигитална авантура преку интерактивна мапа на Зоолошката градина во Штип!
Преку интерактивната мапа и работниот лист со координатна мрежа, учениците имаа можност на забавен и креативен начин да ги поврзат програмирањето, математиката и запознавањето на животинскиот свет.
Со помош на насоки и стрелки за движење, тие вежбаа ориентација во просторот, следење и составување инструкции, препознавање координати и развивање на логичкото и алгоритамското размислување.
Преку игра, истражување и решавање предизвици, учениците открија дека кодирањето не мора да се одвива само на компјутер – тоа може да биде вистинска авантура исполнета со движење, размислување и учење!
Учиме низ игра, истражуваме со љубопитност и чекор по чекор го откриваме светот на програмирањето!









Leave a Comment