НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО – НЕДЕЛА ИСПОЛНЕТА СО ЉУБОВ, НАСМЕВКИ И ДРУЖЕЊЕ!

НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО – НЕДЕЛА ИСПОЛНЕТА СО ЉУБОВ, НАСМЕВКИ И ДРУЖЕЊЕ!

По повод Неделата на детето, учениците од одделенска настава при ЦУ Карбинци реализираа низа интересни, едукативни и забавни активности, исполнети со радост, другарство и детска насмевка.

Ден на гушкањето – помалите ученици ги гушкаа постарите другарчиња, испраќајќи порака дека една искрена прегратка може да разубави нечиј ден и да покаже колку многу значат љубовта, грижата и меѓусебната почит.

Запознавање со правата на детето – преку презентација, учениците се потсетија на своите права, но и на важноста секое дете да расте среќно, безбедно, сакано и почитувано.

Игри без граници – низ спортски и забавни игри, учениците ја покажаа својата умешност, тимскиот дух, соработката и вистинското другарство.

Свечен прием на првачињата во Детската организација „Меѓаши“ – со пригодна приредба, исполнета со песни, рецитации и детска радост, им посакавме топло добредојде на нашите најмали ученици во големото семејство на Детската организација.

Свечена заклетва на првачињата – нашите првачиња со гордост ја дадоа својата заклетва, означувајќи го почетокот на едно ново поглавје исполнето со учење, пријателства и незаборавни училишни моменти.

Среќна Недела на детето! Нека секое дете биде сакано, среќно и гордо што е дете!