Во својата професионална кариера како педагог Маја Андонова со години наназад активно учествув во планирањето, реализацијата и евалуацијата на воспитно-образовната работа, обезбедувајќи стручна поддршка на наставниците, учениците и родителите. Континуирано и темелно работи на професионалниот развој на наставниците преку советодавна работа, организирање работилници, обуки и споделување добри практики. Нејзината отвореност за соработка, ангажираноста и посветеноста во сите сегменти на училишната пракса помогнаа да се држиме во чекор со актуелни проемни во образовниот систем.
Во кариерата како стручен соработник-педагог иницира и реализира повеќе проекти и активности насочени кон подобрување на квалитетот на наставата, инклузивноста, превенцијата на насилство, јакнењето на соработката со родителите и развојот на позитивна училишна клима. Активно учествува во тимови и комисии на училишно и локално ниво, придонесувајќи кон остварување на стратешките цели на училиштето.
Маја Андонова вложува во сопствениот професионален развој преку учество на семинари, обуки, конференции и други форми на стручно усовршување, стекнатите знаења и вештини успешно ги пренесува на колегите и ги применува во секојдневната практика. Ангажирана е како обучувач во акредитирани организации на државно ниво. Соработува во тимови насочени кон соработка со други училишни заедници со мултикултурни средини, поттикнува толеранција и зедништво низ бројни работилници со ученици и родители, афирмира секаков вид ненасилство во соработка со наствничкиот кадар и учениците.
Со своето стручно знаење, искуство, посветеност и ангажман докажа дека како училишен ментор се истакнува со вистинси вредности препознаени од средината.
Упатуваме искрени честитки до нашата колешка Маја и ѝ посакуваме уште многу успеси во понатамошната работа.




Leave a Comment