На часот по германски јазик учениците со голем ентузијазам изработуваа честитки по повод 8 Март.

Преку оваа креативна активност вежбавме нов вокабулар и кратки честитки на германски јазик, а воедно ја поттикнувавме и нивната креативност. Со многу труд и насмевки, настанаа прекрасни и уникатни честитки,под менторство на наставник Гордана Ангелова.