По повод одбележувањето на патрониот празник на нашето училиште ,,Страшо Пинџур”, денес во училиштето се одржа литературно читање на наградените поетски творби од Меѓуопштинскиот награден литературен конкурс на тема: ,,Светот е поубав кога сме еднакви и сплотени”.

Поради големиот број на доставени творби од учениците во училиштата во општините Штип и Карбинци, беа доделени по три (први), три (втори) и три (трети) награди во две категории:

– категорија од 2 до 5 одделение и

– категорија од 6 до 9 одделение.

Им честитаме на сите наградени учесници и ментори за добиените награди и признанија и им посакуваме уште многу успеси во иднина.

Продолжете да творите, сонувате и создавате!