Во пресрет на Денот на благодарноста како дел од американската традиција, на часот по англиски јазик учениците од трето одделение во подрачните училишта во Таринци,Карбинци и Оџалија се запознаа со значењето, суштината и начинот на славење на овој празник. Изработуваа мисирки (како симбол на Денот на благодарноста) и дрво со идеи (I am thankful for…) за што тие се благодарни во животот.





