28 мај се одбележува Денот на менструалната хигиена

28 мај се одбележува Денот на менструалната хигиена , со цел да се покрене јавната свест за важноста особено во земјите со понизок статус, но воедно и да се зборува против предрасудите врзани со овој совршено нормален биолошки процес на жената.

А, нашата цел е токму тоа: да зборуваме гласно и отворено за репродуктивното здравје и да ги скршиме табуата за менструацијата во Македонија.

За таа цел денес со девојчињата од нашето училиште и педагогот на училиштето Маја Андонова и психологот Елена Ташкова одржавме предавање на таа тема.