Формиран е Медиумскиот клуб МедиаМикс СПК

На 31 октомври 2024 година во ООУ Страшо Пинџур Карбинци е формиран Медиумскиот клуб МедиаМикс СПК.

Работата на клубот е поддржана од Проектот на УСАИД за медиумска писменост “Младите размислуваат”.

Медиумскиот клуб ќе вклучува едукативни и практични активности кои ќе се одвиваат во рамки на воннаставните активности. Притоа, учениците ќе учат како да создаваат веродостојни, објективни и проверени медиумски содржини користејќи различни формати, вклучително и текст, видео, поткасти, блогови и фото-новинарство. Учениците ќе предлагаат и обработуваат теми коишто се поврзани со образовниот процес и училишните активности, но и со културни, забавни, спортски или други теми кои се од интерес на младите.

Клубот е отворен за соработка и развивање заеднички идеи.

Со клубот ќе раководи наставничката Силвана Ј Бинова во соработка со наставничката Маријана Јанкуловска.