Горди сме на нашите ученици и наставници!
Денес, 22 ноември, ученици и наставници од ООУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци традиционално учествуваа на Месецот на науката на Природно-математичкиот факултет во Скопје и постигнаа извонредни резултати!
Прва награда
Лука Николов и Мартина Атанасова (6 одд.)
Демонстрација: „Промени во почвата – ерозија“
Ментор: М-р. Горица Смилкова
Трета награда
Софија Велинова и Милан Анѓеловски (6 одд.)
Демонстрација: „Филтрација на водата“
Ментор: Оливера Минова
Трета награда
Кјара Николова и Матеа Атанасова (8 одд.)
Демонстрација: „Математиката во дизајн на уметничка галерија“
Ментори: М-р. Силвана Ј. Бинова и Јулијана Поповски
Успешни учесници
Софија Велинова и Михаил Спасовски (9 одд.) – „Низи, светилки и програмирање – мал уред кој прикажува сигнали во боја“
Никола Минов (6 одд.) – „Симетричен свет“
Кристијан Миташев и Сандра Манасиева (6 одд.)– „Магијата на геометријата преку виткање хартија“
На манифестацијата учествуваа и наставничките Катерина Андонова, Марина Стојанова, Цветанка Алексовска, училишниот педагог Маја Андонова и учениците Лана Николова, Христијан Алексов и Наум Крстев кои беа огромна поддршка и ги проширија искуствата во учество на овој значаен настан.
Честитки за трудот, посветеноста и љубовта кон науката!
Нашите ученици уште еднаш докажаа дека со знаење, креативност и тимска работа можат да ја освојат иднината.
Горди сме на сите вас!
















Leave a Comment