На ден 19.03.2026 год. по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам во нашето подрачно училиште во с. Радање преку Проектот МИМО заедно со партнер училиштето ООУ ” Димитар Влахов” – Штип се реализираше заедничка активност.

Следење презентација со запознавање на одбележувањето на празникот. Заедно боеја слики со одбележја за празникот.

Секој доби парче баклава и картичка Рамазан Бајрам и бонбонче.

Ја посетија и џамијата во с. Радање и разговараа со Оџата.

Среќни и задоволни со многу импресии си заминаа дома откривајќи многу интересни факти.

Во активноста учествуваа учениците од турска настана од ПУ Радање под менторство на сите наставниците од Радање, учениците од IV одд. ЦУ Карбинци под менторство на наставничката Цветанка Алексовска и учениците II – 1 од ООУ ” Димитар Влахов ” – Штип под менторство на наставничката Цветанка Николова