Под мотото ,,Раната детекција спасува живот”, Црвен крст на РСМ

 Општинска организација Штип од 01 – 08 март ја одбележа Неделата на борба против ракот. Под менторство на д-р Мики Бурев одржавме едукативна сесија за клучното значење на превенцијата и на здравствените услуги кои се во насока на рано откривање на ова заболување наменета за наставниот кадар во ООУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци. Ракот е епидемија на денешницата, односно т.н. болест на цивилизацијата. Над 12 милиони луѓе во светот секоја година заболуваат од некаков вид малигно заболување, а 7,6 милиони луѓе умираат како последица на истото. Улогата на Црвен крст во современото општество и делување, меѓудругото, е и здравствено-превентивна едукација и кревање на свеста околу прашања кои понекогаш се и од животно значење. Во знак на симболиката на борбата против рак, волонтерите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип изработија панделки кои ја симболизираат борбата против малигните заболувања.