По повод 20 Ноември-Светскиот ден на детето

По повод 20 Ноември-Светскиот ден на детето учениците од прво до петто одделение од ОУ Карбинци го украсија училишното пано во холот со свои изработки и пораки за детето. Учениците од ПУ-Крупиште го одбележаа 20-ти ноември Светскиот ден на детето  со изработка на ѕидно пано,, Деца од целиот свет” а пак учениците од ПУ Караорман, V одд, по англиски јазик изработија постер со што го одбележаа денот и со кој проследуваат пораки дека сите на светот сме исти.