Денес во нашето училиште ни гостуваше организацијата „Наука за деца“, која реализираше две креативни, интересни и едукативни работилници. Преку нив кај нашите ученици беа поттикнати љубопитноста, истражувачкиот дух и возбудата од светот на науката – можеби токму кај идните научници!
Првата работилница се одржа во Централното училиште со учениците од VIII-1 одделение, под менторство на м-р наставник Горица Смилкова. Втората работилница се реализираше со учениците од VI и VII одделение во ПУ Крупиште, под менторство на наставник Викторија Андова Голубова.
Учениците добија сетови за изведување експерименти, реализираа неколку експерименти во реални услови и имаа единствена можност да се запознаат со робот-кучето AVI.
Им благодариме на „Наука за деца“ за укажаната можност и за прекрасното искуство кое им го овозможија на нашите ученици. Се надеваме на повторна соработка и нови научни авантури!













Leave a Comment