Среќен 1 Јуни – Меѓународен ден на детето во ПУ – Крупиште

Учениците од прво до петто одделение од ПУ Крупиште, го одбележаа 1 јуни со истражување за тоа зошто овој ден е важен за заштита на детските права, здравјето и достоинството. Преку пораката „Слушнете ја иднината!“, тие не потсетија дека светот е поубав кога децата се безбедни, слушнати и кога сите сме другари.