Во присуство на Турскиот Амбасадор г-дин Фатих Улусој, како и преставници од Министерството за Национално образование на Република Турција, претседателот на Матуситеб г-дин Тасим Ибрахим и делагации од турската заедница, оствариме посета на новото училиште во селото Радање. Поводот беше поддршката од Република Турција за опремување на училиштето со нов современ инвентар. Во ова училиште настава посетуваат околу 80 ученици а беше целосна инвестиција на општина Карбинци и од оваа година започна со функционирање во нови модерни услови. Односите на општина Карбинци и амбасадата на Р. Турција се на највисоко ниво до сега.








Leave a Comment