Со огромна радост споделуваме дека тимот на нашето училиште, под менторство на наставник Силвана Ј. Бинова, освои прво место во категоријата 11–14 години на меѓународниот натпревар „Design Your Sustainable Schoolyard“, koj воедно беше и највисоко оценет проект во целата конкуренција!
Тимот го сочинуваа учениците: Филип Петров, Матеа Атанасовска, Михаела Симова, Мартина Атанасовска.
Меѓународното жири го издвои проектот по неговата креативност, детална разработка, одлична тимска работа и иновативен пристап. Особено беа пофалени видеото, песната и тестирањето на мобилна апликација, кои ја направија презентацијата интересна, динамична и незаборавна.
Горди сме на нашите ученици кои достојно го претставија училиштето и покажаа дека младите можат да создаваат идеи за подобра и поодржлива иднина.
Повеќе за проектот: VR4Clima https://vr4clima.eu/
Погледнете го видеото: https://youtu.be/Otkg77PLSy8?si=gRBZ-6Vjat2sO9rI






Leave a Comment