Изработка на постер под мотото „Стоп за сајбер насилство“.

Во рамки на предметот Општествено-хуманитарна работа, учениците од 7 одделение активно учествуваа во креативна работилница за изработка на постери со силна порака – „Стоп за сајбер насилство“

Под менторство на наставничката Мартина Атанасова , учениците преку тимска работа , креативност и отворени разговори ја истакнаа важноста од почит , емпатија и безбедно однесување на интернет

Порака од учениците:

Биди пријател и онлајн!

Кажи НЕ на сајбер насилството