„Пирамида на исхрана“ со користење на micro:bit уреди.

Во рамки на Неделата на информатиката, учениците од VI и VII одделение од ПУ Крупиште реализираа активност на тема „Пирамида на исхрана“ со користење на micro:bit уреди.

Преку програмирање и тимска работа, учениците ги презентираа групите на храна и ја истакнаа важноста од правилна и балансирана исхрана, развивајќи ги своите дигитални вештини и креативност.

Активноста беше реализирана под менторство на наставничките Мартина Атанасова и Викторија Андова Голубова.

#Неделанаинформатиката2026