Во изминатиов период учениците од 6-1 и 6-2 одделение заедно со училишниот педагог Маја Андонова реализираа неколку работилници.
Работилницата на тема „Техники на учење“ беше реализирана со цел да им се овозможи на учениците да стекнат практични знаења и вештини за поефикасно организирање на процесот на учење. Преку интерактивни активности, дискусии и практични задачи, учениците имаа можност да се запознаат со современи методи кои го подобруваат вниманието, концентрацијата и долгорочното задржување на информациите.
Оваа работилница беше осмислена да им помогне на учениците да развијат лични стратегии за учење, како и да препознаат кои техники најмногу одговараат на нивниот стил на учење. Реализацијата помина во конструктивна и мотивирачка атмосфера, овозможувајќи активна вклученост и размена на искуства меѓу учениците.




Leave a Comment